Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против полицаец кој истепал приведено лице

Кривична пријава против полицаец кој истепал приведено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Х. Г. од ПС за ОН Струмица поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело малтретирање во вршење на службата по чл. 143 од КЗ.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, Х. Г. врз Н. Б., кој во моментот бил приведен и задржан во полициска станица за ОН Струмица, неосновано употребил физичка сила. Против полицискиот службеник е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните

ВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите

Филипче: Мицкоски изгради ѕид околу Македонија – сега буди меѓуетнички тензии