Утрински Весник
Спорт

Кале Рованпера стана најмладиот рели ВРЦ шампион

Кале Рованпера стана најмладиот рели ВРЦ шампион

Еден ден по неговиот 22. роденден, Финецот Кале Рованпера стана најмладиот светски шампион во Рели ВРЦ шампионатот, по триумфот на Рели Нов Зеланд, за да го освои трофејот на две трки до крајот.

dobivaj vesti na viber

Рованпера, синот на поранешниот ВРЦ возач, Хари Рованпера, го сруши рекордот на Британецот Колин Мекри, кој имаше 27 години кога стана шампион во 1995 година. Тој беше доминантен на четиридневното дождливо рели во Нов Зеланд, победувајќи и на последната „супер-етапа“, со што направи недостижна предност пред Естонецот От Танак пред трките во Шпанија и Јапонија.

Осумкратниот шампион Себастиен Ожие заврши на второто место со 34.6 секунди заостанување, додека Танак беше трет со 48.5 секунди послабо време.

Рованпера со својата Тојота имаше пет победи во првите седум трки од сезоната, но потоа имаше проблеми на двете релија во август, дозволувајќи шампионот од 2019, Танак да се доближи во генерален пласман.

„Ми олесна што конечно пристигнавме на целта како први. Не беше пријатно по неколку тешки релија, а најголемата благодарност оди до мојот тим, кој ми даде брз автомобил“, изјави Рованпера.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина