Утрински Весник
Спорт

Милан одбил да го доведе Кристијано Роналдо минатото лето

Милан одбил да го доведе Кристијано Роналдо минатото лето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанскиот шампион Милан одбил да го доведе Кристијано Роналдо на „Сан Сиро“ минатото лето. Агентот Жорге Мендеш го понудил Португалецот на „росонерите“, но добил негативен одговор.

dobivaj vesti na viber

Мендеш се надеваше дека „миланезите“ ќе ја продадат нивната голема ѕвезда Рафаел Леао за да договорат преселба на Кристијано Роналдо на „Сан Сиро“. Во Милан, пак, не се согласија со таков расплет поради високите финансиски побарувања на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Сепак, „росонерите“ сега се загрижени дека нема да можат да го задржат Рафаел Леао долгорочно откако преговорите за нов договор со него заглавија. Во случај да замине, Кристијан Пулишиќ и Хаким Зијех од Челзи се планираат како негова замена.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028