Утрински Весник
Свет

(Вo живо) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

(Вo живо) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Во Москва започна церемонијата на која Путин официјално ќе го потпише припојувањето на четири украински региони кон Русија, кои сочинуваат околу 15% од вкупната територија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Во Кремљ се е подготвено за потпишување на четири договори за прием на нови субјекти во Руската Федерација.

Заедно со руското знаме, во салата на Св.Ѓорги поставени се и знамињата на ДНР, ЛНР, Запорошката и Херсонската област.

Претседателот на Државната Дума, Вјачеслав Володин, клучен помошник на Путин, на официјалниот Телеграм канал на Думата изјави дека Путин го информирал парламентот за официјалните барања на регионот.

Русија одржа таканаречени референдуми во четири делумно окупирани региони на Украина – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје и соопшти дека огромното мнозинство гласало за приклучување кон Русија.

Можете да прочитате

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

Трамп: Сè уште верувам во мир со иранското раководство

Пукање во Ница, има убиени и ранети