Утрински Весник
Спорт

Араухо опериран, ќе паузира три месеци и ќе го пропушти мундијалот

Араухо опериран, ќе паузира три месеци и ќе го пропушти мундијалот

Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, денеска имал успешна операција по повредата на бутниот мускул, потврдија од каталонскиот клуб. 23-годишниот Араухо одлучи да замине на операција наспроти конзервативно лекување, а значи дека најверојатно ќе го пропушти Светското првенство со Уругвај во ноември.

dobivaj vesti na viber

Се очекува Арауго да паузира до три месеци.

„Првотимецот Роналд Араухо е успешно опериран поради повредата на аддукторот на десниот бутен мускул. Хируршкиот зафат беше извршен од доктор Ласе Лампаинен, под надзор на медицинските служби на клубот, во Турку, Финска. Играчот е недостапен за настап и неговото закрепнување ќе го диктира неговото враќање на теренот“, објави Барселона.

Можете да прочитате

Гроздановски: Талентите се губат поради притисокот од родителите во Македонскиот фудбал

Португалија разочара одигра нерешено со ДР Конго

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари