Силвестер Сталоне го помина вторникот во друштво на својата ќерка Софија Сталоне.
76-годишниот актер, ѕвездата на класикот „Роки“, сподели фотографија од себе и 26-годишна ќерка во текот на кусата пауза од снимање на нов проект.
Семејното обединување на акционата ѕвезда доаѓа по веста дека тој и неговата сопруга Џенифер Флавин, која е мајка на Софија, ги решиле несогласувањата за само еден месец откако таа поднесе барање за развод.
На фотографијата што ја објави на Инстаграм, Слај, прекарот што го доби по ликот кој го глуми во „Роки“, ги покажува своите мускулести раце во зелена маичка. Тој носи црна POW/MIA бејзбол капа и безвременски очила за сонце Ray Ban Aviator.
„Снимање на полигон со Софија Сталоне“, напиша тој покрај фотографијата.
На Софија сигурно ѝ олесни откако нејзините родители решија да се смират.
Силвестер и неговата сопруга Џенифер, со која е 25 години во брак, одлучија да се сретнат дома, каде што разговараа и ги решија нивните разлики. И двајцата се исклучително среќни“, изјави неговиот претставник за „Пејџ сикс“.