Младата репрезентација на Израел ја елиминира Ирска во дополнителните квалификации за ЕП 2023. По 180 минути фудбал и продолженија резултатот беше 1:1, па победникот се одлучуваше по изведување на пенали. Кај Израел прецизни беа Карзев, Перец и Давидо, а три пенали на Ирците одбрани израелскиот голман Перец.
Тој ги одбрани ударите на Рајт, Фергусон и Девој.
Сепак, многу поголемо внимание сцената што се случи во второто продолжение, кога селекторот на Израел, Гај Лузон, му удри шлаканица на својот играч Зив Морган.
„Зив Морган? Немаше ништо сериоозно. Разговаравме како професионалци, се смеевме. Му дадов и торта на крајот од натпреварот. Не беше тоа шлаканица, само го погалив. Ако му удрам шлаканица, тоа силно ќе го почувствува. Можам да му кажам што сакам на мојот играч, се во добар дух. Ајде да продолжиме понатаму“, изјави селекторот на Израел.
אימון מתקדם pic.twitter.com/LhNuiy31QM
— ouriel daskal ????️???? (@odaskal) September 27, 2022