Утрински Весник
Спорт

Кулушевски: Во Јуве работите не функционираа, во Тотенхем сите работи се подобри

Кулушевски: Во Јуве работите не функционираа, во Тотенхем сите работи се подобри
300x250 (7)

Дејан Кулушевски вели дека „сите работи одат подобро во Англија“ за него и неговата кариера, и дека одлуката да си замине од Јувентус во Тотенхем била негова најдобра во кариерата.

dobivaj vesti na viber

22-годишниот шведски репрезентативец со македонско потекло, во јануари пристигна во Тотенхем како позајмен фудбалер, за во текот на летото трансферот да стане постојан, откако импресионираше во тимот на Антонио Конте со 6 гола и 11 асистенции во 29 настапи за лондонскиот клуб.

Img 5587

„Понекогаш во фудбалот, работите едноставно одат на добро. Не сум сменил ништо во овие неколку месеци и секогаш излегувам на теренот полн со посветеност. Меѓутоа, во Јувентус, нешто не функционираше колку и да се трудев. Сакам да гледам напред, наместо назад. Не бев океј во Јувентус поради повеќе причини, и кога ќе го сфатиш тоа, тешко е да се промениш во истата околина. Одлуката да си заминам од Италија беше најдобра за мене и во Англија сите работи се подобри за мене. На теренот и надвор од него. Мојот свет се смени. Морам да признаам дека не сум видел личност помотивирана од Антонио Конте во мојот живот. Кога зборуваш со него, тоа влегува во твоето срце“, вели Кулушевски во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024