Утрински Весник
Македонија

Американски волонтери на Мировен корпус повторно во Македонија

Американски волонтери на Мировен корпус повторно во Македонија
Ss2

Во Македонија пристигнaа нова група Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата.

dobivaj vesti na viber

Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Македонија, Дебора Конор, како и дел од вработените.

300x250 (7)

„ Ова е прва група на волонтери коишто пристигнаа во Северна Македонија после три години, откако беа евакуирани во март, 2020 година заради светската пандемија. Волонтерите повторно ќе бидат дел од програмите за настава по англиски јазик и развој на заедниците, како и во претходните години. Им посакуваме многу успешна работа – изјави Дебора Конер, директорка на Мировниот корпус во Северна Македонија.“

За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 25-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура, а својата служба во земјата ќе ја почнат во декември 2022. Повеќе од 800 американски државјани служеле во Македонија од 1996 година.

Ss1

Можете да прочитате

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни aтмосферски процеси – Очекувајте невреме