Утрински Весник
Магазин

Познати личности донираат лични предмети за кампањата на СЗО во Украина

Познати личности донираат лични предмети за кампањата на СЗО во Украина
Img 5587

Британските музички ѕвезди Ед Ширан и Хари Стајлс, американската кошаркарска легенда Шекил О’Нил и други познати личности ќе донираат лични предмети во кампањата за собирање пари за здравствените услуги на Светската здравствена организација во Украина.

dobivaj vesti na viber

Седум месеци од почетокот на војната во Украина, Фондацијата СЗО, независна организација која собира средства за поддршка на работата на здравствената агенција на ОН во решавањето на глобалните здравствени кризи, ја лансираше е-продавницата „Human Kind“, каде што обожавателите можат да се обидат да ги имаат предметите кои ги донираат нивните омилени познати личности, пренесуваат агенциите.

Img 5587

Собраните средства ќе бидат потрошени за активности на СЗО во Украина и соседните земји зафатени со војна, објави Фондацијата.

Тие имаат за цел да соберат 53,7 милиони долари.

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови