Утрински Весник
Свет

(Видео) Герашенко: „Мобилизираните се борат со полицијата, велат дека не сакаат да умрат“

(Видео) Герашенко: „Мобилизираните се борат со полицијата, велат дека не сакаат да умрат“

Антон Герашенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео за кое вели дека е направено во руската област Омск.

dobivaj vesti na viber

„Во областа Омск, селото Болшеречје, група мобилизирани мажи се бореше со полицијата и руската војска. Демонстрантите ги удираа полицајците и извикуваа дека не сакаат да одат и да умрат во рововите“, напиша тој, пренесуваат агенциите.

Истите потсетуваат дека Владимир Путин на 21 септември најави делумна мобилизација во Русија, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу потоа најави дека ќе бидат мобилизирани 300.000 луѓе.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела