Утрински Весник
Македонија

(Видео) Герасимовски: Новиот модел на субвенционирање значи повеќе пари за земјоделците

(Видео) Герасимовски: Новиот модел на субвенционирање значи повеќе пари за земјоделците

„Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано продолжува со навремената грижа и посветеност во земјоделскиот сектор. Како партија постојано вложуваме и работиме во интерес на земјоделците и нивните потреби. Токму во таа насока е и новиот модел на субвенционирање. Новиот модел значи повеќе пари за земјоделците, насочени за стратешките култури, кои ќе поттикнат остварување на зголемен принос и подобра следливост на производството кое директно значи намалувње на сивата економија. Предложениот концепт ги опфаќа сите земјоделски гранки, пред еднакви и правични услови за добивање поддршка за развој“ рече на прес-конференција Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „предложено е зголемување на поддршката за сточарството преку систем во кој ќе се намалат појавите на можни злоупотреби и дополнително ислатата за предадено млеко да се исплаќаат побрзо, месец за месец“.

„Покрај мерките за млад земјоделец, и рурална жена, се предвидува нова мерка за поддршка на бизнис план до 10.000 евра, каде се планира поддршка на помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производството, или инвестиции за производство на расад. Како нова мерка ќе стартува и поддршката во ангажирањето на советодавни услуги, кои ќе им помогнат на земјоделците полесно да ги следат сите повици и навремено да аплицираат на нив“ рече Герасимовски.

Можете да прочитате

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

На „Вардариште“ живеат над 200 лица, Тошковски вели потребен е системски пристап

Филипче: Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски