Утрински Весник
Свет

Во Италија првпат на избори може да гласаат лица помлади од 25 години

300x250 (7)

Првпат во италијанската историја, младите на возраст од 18 до 24 години имаат целосно право на глас на општите избори на 25 септември.

dobivaj vesti na viber

Минималната возраст за гласање во Сенатот беше намалена од 25 на 18 години, што е и праг за гласање за Претставничкиот дом. Двата дома на парламентот имаат еднакви овластувања.

300x250 (7)

„Во однос на бројките, ова секако значи дека младите значат повеќе на овие избори“, рече Ливио Џиљото, потпретседател на институтот за анкети „Istituto Piepoli“.

„Клучното прашање е колку навистина ќе гласаат“ – додаде тој.

Промената на правилото влијае на 4,1 милион млади луѓе од вкупно 51,4 милиони гласачи, и иако експертите на јавното мислење велат дека значителен број од нив би можеле да се воздржат, политичарите отворено се обидуваат да ја добијат нивната поддршка.

Во склад со неговиот имиџ на шоумен, поранешниот премиер Силвио Берлускони ги води напорите да ги придобие преку TikTok, видеа во кои им се обраќа со смешен глас, прави шеги и игра на неговиот имиџ на плејбој.

„Ви се обраќам на вас постарите од 18 години – да ве замолам да ме запознаете со вашата девојка? Нема шанси! Ве поканувам да гласате на 25 септември и да гласате за мене“ – рече 85-годишниот Берлускони минатата недела.

Со ваквите шеги Берлускони за помалку од три недели доби повеќе од 2,5 милиони лајкови на социјалната мрежа. Но, невозможно е да се знае дали тоа ќе се претвори во гласови.

Ss1

Можете да прочитате

Извор од Хамас: Милитантната група ја одобри првата фаза од договорот со Израел

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради поплави