Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално

СДСМ: Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално
Dik 300x250 mk

Институциите мора да го расчистат спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, како и обвинувањата за сторен криминал кои јавноста ги слушаат изминативе денови. Институционално треба да се утврди и улогата на Христијан Мицкоски во овој тендер, особено што за неговата вмешаност обвинувања стигнуваат од негова кандидатка а сега и градоналничка на Град Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Данела Арсовска вчера тврдеше дека Мицкоски иако не смеел, сепак знаел детали и точни суми од тендерската постапка.

Од СДСМ прашуваат дали за ова е Мицкоски шпицен градоначалник? За да се меша и влијае на тендери и јавни набавки, за да ги става рацете во медот? Како овие доверливи информции дошле до Мицкоски треба да каже тој самиот, но треба да истражат и надлежните институции.

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски, важни му се само парите и бизнис интересите, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Прегазена малолетничка во Скопје, возачот на автомобилот побегнал

Со стап нападнал полицаец – кривична пријава за маж од Виница

Снопче: Големата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за „Вреди“ е опасна