Утрински Весник
Спорт

Целје го „стопираше“ Кил, Алборг со втора победа

Целје го „стопираше“ Кил, Алборг со втора победа

Целје успеа да стигне до импресивна 38:36 (17:14) победа над фаворизираниот Кил во второто коло во ЕХФ Лигата на шампиони, додека Алборг најави дека ќе биде сериозен конкурент оваа сезона со лесна втора победа, овој пат на гости во Норвешка, кај Елверум со 33:25 (17:14).

dobivaj vesti na viber

Во Словенија, Кил имаше фантастичен старт и по 12 минути игра имаше 8:4 водство за да најават втора победа на тимот на Филип Јиха, но Целје успеа да се врати откако Алекс Влах постигна седум гола за само 15 минути, а со фантастичниот Гал Габршек на голот, Целје направи три гола предност на полувреме (17:14).

И покрај обидот на гостите за враќање во второто полувреме, словенечкиот тим ја запиша првата победа во ЛШ оваа сезона. Влах на крајот заврши со 10 постигнати голови, Маргуч и Иванковиќ имаа по пет за Целје, додека кај Кил, само Патрик Винцек со 10 гола беше расположен.

Мадс Хангард со 7 гола и Јеспер Нилсен со 6 гола ги предводеа Алборг до убедлива 33:25 победа во нордиското дерби.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б
Целје – Кил 38:36 (17:14)
Елверум – Алборг 25:33 (14:17)

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-42851”));

Standings provided by SofaScore

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари