Утрински Весник
Македонија

Владимир Анчев е новиот државен секретар во Министерството за одбрана

Владимир Анчев е новиот државен секретар во Министерството за одбрана

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Анчев во својата кариера има работено на многу менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато богато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси – првенствено во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација, каде што фокусот го става на развојот на софтвер за управување со човечки ресурси за 1.300 институции, како и воведување и одржување стандарди за управување со квалитет.

Работната кариера ја продолжува во приватниот сектор како менаџер на човечки ресурси, каде што го води процесот за воведување оддел за човечки ресурси и подготовка на правилници за внатрешна организација, како и анализа на трудот и спроведување на функционална анализа.

Во Министерството за одбрана работи од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник.

Анчев има организирано голем број обуки од областа на менаџментот со посебен фокус на човечките ресурси, член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Регионалната школа за јавна администрација, а автор е и на поголем број истражувачки трудови посветени на развојот на системот за јавна администрација.

Тој дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!