Утрински Весник
Спорт

Ертел со трансферот во Русија самиот се „исфрли“ од француската репрезентација

Ертел со трансферот во Русија самиот се „исфрли“ од француската репрезентација

Францускиот ветеран Томас Ертел се приклучи на шампионот на руската ВТБ лига, Зенит Санкт Петерсбург, потпишувајќи договор на една сезона со опција за уште една, со што практично се збогуваше со француската репрезентација, за која играше на неодамна завршениот Евробаскет.

dobivaj vesti na viber

33-годишниот Ертел со потписот за Зенит ќе пропушти една сезона во Евролигата првпат од неговото деби во 2011/12, а исто така се откажа од можноста да игра за сребрените на Евробаскетот, бидејќи Француската кошаркарска федерација претходно потврди дека сите кои ќе играат за руски или белоруски клубови нема да можат да бидат повикувани за репрезентативните обврски.

„Сакаме да му посакаме добредојде на Томас во нашиот тим. Тој е играч со огромно искуство и квалитет. Веруваме дека со него ќе ги оствариме целите за новата сезона“, изјави тренерот на Зенит, Чави Пасквал.

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда