Утрински Весник
Спорт

Фулам со три гола за шест минути „украде“ победа кај Нотингем!

Премиерлигата по принудната пауза по смртта на кралицата Елизабета Втора се врати со два интересни петочни мечеви, од кои посебно импресионираше неверојатниот камбек на Фулам за 3:2 победа кај Нотингем форест.

dobivaj vesti na viber

Таиво Авојини им донесе водство на Форест по само 11 минути игра, и со овој резултат се отиде на полувреме, пред тимот на Марко Силва да направи вистинска опсада на голот на домаќините, постигнувајќи три гола во шест минути. Кени Тете израмни во 54. минута, за само три минути подоцна Палиња да ги донесе Фулам во водство, за во 60. минута, Херисон Рид да донесе два гола предност. Нотингем само успеа да намали на 2:3 во 77. минута преку Луис О’Брајан.

Со третата победа оваа сезона, Фулам се искачи на шестото место на табелата, додека Нотингем и покрај тоа што во преодниот рок донесоа 21 фудбалер, се на претпоследното место со само 4 освоени поени.

На „Вила парк“, пак, се намали притисокот на менаџерот Стивен Џерард, откако Џејкоб Ремзи им донесе 1:0 победа над Саутемптон, прв триумф по пет меча за Астон вила.

ПРЕМИЕРЛИГА, 8.КОЛО
Нотингем форест – Фулам 2:3
Астон вила – Саутемптон 1:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари