Утрински Весник
Економија

Обезбедени 50 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура во општините

Собранието го усвои Законот за задолжување со заем кај Европската инвестициона банка (ЕИБ) по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија, во висина од 50 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„ Со обезбедените финансиски средства од заемот кај ЕИБ, ќе продолжи поддршката за сите општини за воспоставување на основната инфраструктура за обезбедување на чиста вода за сите жители во државата, а реализацијата на проекти ќе се изврши од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија во себе опфаќа: рехабилитација, модернизација и проширување/изградба на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и за набавка на специјализирана опрема за одржување“ .

Можете да прочитате

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој