Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе репреговара со Софија за сите околности кои сметаме дека се асимилаторски

При денешната посета на општина Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на отфрлањето на иницијативата за референдум, кои се следни чекори и што ќе се направи откако ќе дојде на власт истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара сите околности за кои што сега ценат дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„ Па видите сега ние ако влеземе во еден вртлог на иницијативи а тој одбива, и тоа биде некоја тема тогаш сме ја испуштиле суштината, а суштината е како да го спречиме овој асимилаторски договор да нанесе штета на идентитетот на македонскиот народ, тоа е суштината и вратата на која што се отвора можноста да се направи асимилација на македонскиот народ е токму промената на Уставот. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи било каква промена на Уставот тоа треба да сте сигурни и сега кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција условно кажано но и наскоро од денеска кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Македонија, нема да поддржиме промена на Уставот и на тој начин отворање на вратата за асимилација на македонскиот народ која што директно значи удар врз македонскиот идентитет“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара сите овие околности кои што сега ценат дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

„ Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара овие околности кои што ние цениме дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ а не помагаат, да постигнеме еден вистински добрососедски договор кој што навистина ќе ги подобри односите кои што сега се на катастрофално ниско ниво помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот и помеѓу двете држави Македонија и Бугарија“, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Со Итна помош пренесен на клиника припадник на „Тигар“ по повреда во касарната „Илинден“

Уапсен возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

Уапсен прилепчанец за лихварство, позајмил 7.500 а назад барал 12.500 денари