Дресот на американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан од првиот натпревар од финалето на НБА во 1998 година беше продаден за 10,1 милиони долари на аукција во четвртокот, што го прави најскапиот спортски предмет што се носен на еден натпревар.
Претходниот рекорд беше поставен на почетокот на годинава, кога дресот на аргентинскиот фудбалски мајстор Диего Марадона во кој постигна голот наречен „Божја рака“ беше продаден за 9,3 милиони долари.
„Во неколку недели откако ја објавивме аукцијата, имаше возбуда не само од љубителите на спортот, туку и од колекционерите желни да поседуваат ретко парче историја“, рече Брам Вахтер, шеф за улична облека и модерни колекционери на Сотби.
„Уште еднаш, денешниот рекорден настап го зацврстува Мајкл Џордан како неприкосновен G.O.A.T., докажувајќи дека неговото име и неспоредливото наследство се исто толку актуелни како и пред речиси 25 години“, додаде тој.
Се очекуваше дресот на Џордан да достигне цена од 3 до 5 милиони долари, но сумата ги надмина сите очекувања. Чикаго Булс, предводени од Џордан, ја победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА во 1998 година, освојувајќи ја својата шеста шампионска титула.