Вистински дебакл доживеаја фудбалерите на Фиорентина во Истанбул, во Лигата на конференции. „Виолетовите“ загубија со 3:0 од Башакшехир.
Еден момент го обележа овој натпревар. Глупоста која ја направи голманот на Фопрентина, Пјерлуиџи Голини во 71.минута, кога неговиот тим губеше со 1:0.
Имено, играчот на Фиорентина од половина терен му ја врати топката на својот голман. Голини, кој во тој момент беше надвор од шеснаесетникот, имаше време или да ја шутне или да му врати на својот соиграч, но сепак почна да си игра со топката неколку секунди.
Фудбалерот на Башакшехир Гурлер го искористи тоа, дојде до топката и го постигна својот втор гол.
Nice to see Gollini’s doing well for himself pic.twitter.com/3cvozFmkta
— Gus ™ (@GM_THFC) September 15, 2022