Утрински Весник
Македонија

(Видео) Панова: Талат Џафери ја суспендираше надлежноста на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум

(Видео) Панова: Талат Џафери ја суспендираше надлежноста на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум

Талат Џафери ја суспендираше основната надлежност на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

dobivaj vesti na viber

„Ако Собранието го има врвниот познавач на правото Талат Џафери, зошто тогаш е потребен Уставен суд? Зошто е потребно други истакнати правници да седат во Уставен суд и да земаат плата, ако нивната работа веќе ја врши Џафери? Со што се задолжи антимакедонската СДС кај ДУИ, за Талат Џафери да прави вакви правни гимнастики за да ги спаси?“, праша Панова.

Според неа над 60% од Македонците поддржуваа референдум и ќе излезеа на истиот. Огромно мнозинство од истите, како што рече, ќе гласаа за поништување на договорот со Бугарија. А, власта се исплаши од тоа.

„Антимакедонската СДС знаеше дека доколку на референдум излезат околу милион наши сограѓани, тоа ќе биде крај за сите нивни политики, не само крај за договорот, туку и за владата и партијата која го преговараше. Антимакедонската СДС го натера Талат Џафери спротивно од чл.24 од Законот за референдум да не дозволи негово одржување, и се стави над целиот парламентарен систем и воопшто не го испрати барањето до претседателот на Законодавно правната комисија, како што налага процедурата“, истакна Панова.

„Џафери по налог на Ковачевски влезе во правни гимнастики кои немаат реална правна подлога, туку чисто силеџиство, и насилно практицирање на власта со кршење на сите норми и начела на правото. Со политичка одлука е спречен највисокиот чин на демократијата – референдумот“, вели Панова.

Дополни дека антимакедонската СДС, како што вели, и нивниот извршител во Собранието Талат Џафери треба да знаат дека од соочување со народ избегаа моментално, но одговорност пред народот ќе има, кога ќе бидат казнети и жестоко поразени.

Можете да прочитате

Владата отвора нова телефонска линија за повредените од трагедијата во „Пулс“

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Викендов ни следува максимумот на овој топлотен бран од Африка – Температури до 37 степени!