Утрински Весник
Спорт

Мбапе: Титула од ЛШ со ПСЖ ќе значи многу повеќе

Мбапе: Титула од ЛШ со ПСЖ ќе значи многу повеќе

Килијан Мбапе смета дека ќе биде најдобро за него и многу посебно да се освои титулата од Лигата на шампионите со Пари Сен-Жермен отколку со било кој друг гол ем клуб.

dobivaj vesti na viber

Французинот зборуваше за својот хет-трик против Барселона во осминафиналето во 2020/21, сметајќи дека тој бил клучниот момент во неговата кариера. И покрај тоа што беше во фантастична форма таа сезона, тој не успеа да ги однесе Париз до титулата и сега вели дека тоа е главната цел во неговата кариера.

„Тогаш од добар фудбалер станав многу добар фудбалер. Успев да постигнам хет-трик на ‘Ноу Камп’, што беше нешто посебно и бев горд што можев да играм со таков карактер. Би било нависитна посебно да се победи тука со Париз. Титула од Лигата на шампионите, каде и да си, е титула од Лигата на шампиони. Но, за мене, да се освои во Париз би било најдобро“, вели Мбапе.

Амбицијата ја делат и катарските газди на ПСЖ, кои вложија милиони евра во овој план. Дел од планот беше и продолжувањето на договорот на Мбапе до 2025 година со услови какви што нема добиено ниту еден друг фудбалер.

Можете да прочитате

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија

Скандал во женската лига: По два поништени гола, Љуботен се повлече од натпреварот