Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник во Скопје, крадел во автобус

Приведен разбојник во Скопје, крадел во автобус

Денеска (13.09.2022) во 07.00 часот во с. Волково-Скопско, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Волково.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека на 10.09.2022 во 23.15 часот во населбата Даме Груев во Скопје, во автобус на ЈСП, заедно со уште две лица со закана со остар предмет од В.Н.(19) од с. Орман одзел ранец со предмети.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Пронајден човечки череп во атарот на село Лабуништа

Вчера осум уапсени лица за дрога во Македонија

СДСМ: Мицкоски вели технички исправна вода во Гостивар -утре, но кој да му верува?