Утрински Весник
Свет

Руски локални претставници побарале оставка од Путин „Тој не е монарх, тој зема плата од нашите даноци“

Руски локални претставници побарале оставка од Путин „Тој не е монарх, тој зема плата од нашите даноци“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претставници на општините од 18 области на Москва и Санкт Петербург потпишаа документ со кој бараат оставка од рускиот претседател Владимир Путин, пишува Russian Insider.

dobivaj vesti na viber

Тие планираат да испратат жалба до Државната Дума со предлог да го обвинат Путин за предавство за војната во Украина, пишува медиумот.

„Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот Владимир Путин и штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка на Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација“, било наведено во изјавата на претставничката на округот Семеновски во Санкт Петербург, Ксенија Торстрем.

Тие наведуваат дека постапките на Путин спаѓаат во член 93 од Уставот, пишува Инсајдер. Според тој член, претседателот може да биде сменет од функцијата под обвинение за предавство или други тешки кривични дела презентирани од Државната Дума.

„Разговаравме со претставниците дека би сакале да ги поддржиме претставниците од општина Смолнинск. Но, сега, поради репресијата, тешко е да се зборува јавно. Затоа дојдовме до овој концизен текст. На пратениците се уште не им е забрането да имаат став. А исто така не е забрането да се зборува за оставка на претседателот. Не е монарх, туку наемник, платата ја зема од нашите даноци. Нашата функција е да ги застапуваме интересите на народот, а гледаме дека народот не е задоволен. А според Уставот нашиот народ е изворот на моќта. Јас лично не ги разбирам мотивите на постапките на Владимир Путин. Мислам дека не можете да бидете толку долго на власт“, додала таа.

Можете да прочитате

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање