Утрински Весник
Спорт

Германија без Зверев во Дејвис купот

Германија без Зверев во Дејвис купот

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе ја пропушти групната фаза на Дејвис купот. На теренот го нема од полуфиналето на Ролан Гарос, кога го повреди скочниот зглоб на дуелот со Рафаел Надал.

dobivaj vesti na viber

Се очекуваше тој да биде подготвен за Дејвис купот во Хамбург, каде неговиот тим игра против Франција, Австралија и Белгија.

Зверев на прес-конференцијата објасни дека има повреда на коската која му предизвикува многу болки и дека очекува да се врати на теренот за неколку недели или месеци.

Селекторот на Германија, Михаел Колман, изјави дека на местото на Зверев ќе дојде Јаник Ханфман.

Зверев се надева дека ќе може да се врати до крајот на сезоната.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк