Утрински Весник
Економија

Се намалува цената на горивата

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95  и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,990 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.

Од 13.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95          84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98          87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)        93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                               51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236%, кај дизелот за 2,617%, кај екстра лесното масло за 2,786%  и кај мазутот намалување за 3,266%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848%.

Можете да прочитате

Божиновска: Законот за енергетика ќе значи бенефит за граѓаните и сигурност за инвеститорите

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп