Утрински Весник
Спорт

Бура во Италија: Дали ВАР му „украде“ победа на Јувентус против Салернитана?

Јувентус и Салернитана ремизираа 2:2 во неверојатно драматичен меч од шестото коло од Серија А. Гостите на полувремето водеа со 0:2 со головите на Антонио Кандрева во 18. минута и Кшиштоф Пјонтек, а Јувентус се врати во второто полувреме.

dobivaj vesti na viber

Глејсон Бремер погоди во 51. минута за 1:2, а потоа следуваше неверојатен финиш, Леонардо Бонучи израмни во 93.минута по одбиена топка од нереализиран пенал.

Две минути подоцна Јувентус и поведе со голот на Аркадиуш Милик по корнер. Милик го прослави голот со соблекување на дресот, за што доби втор жолт картон од судијата Матео Марсенаро и беше исклучен.

Тогаш на сцена стапи ВАР. Имено, при ударот со глава на Милик, Леонардо Бонучи се најде во задниот дел од каде му пречеше на голманот на Салернитана, Сепе. И навистина, кога беше повлечена линијата, Бонучи беше во недозволена позиција за неколку сантиметри.

Сепак, најновото видео покажува дека италијанските судии брутално згрешиле. Не го виделе Антонио Кандрева од Салернитана, кој е најблиску до голманот.

По ова бура од играчите на Јувентус на социјалните мрежи. Милик напиша дека останал без зборови, а Хуан Куадрадо истакна дека се случил голем срам.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, едвај можеше да се смири по натпреварот.
„Жал ми е само затоа што сакавме да ја видиме сликата на која се гледа Кандрева од нашиот агол. Не можете да ја видите на сликите што ни ги дадоа на теренот“, изјави Алегри.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари