Утрински Весник
Свет

Зеленски: Невозможно е Трамп да не видел кој е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е изненаден од тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп продолжил да го пофалува својот руски колега Владимир Путин, дури и откако Москва ја нападна Украина.

dobivaj vesti na viber

„Верувам дека имаше доволно време, и повеќе, да разбере кој е Путин“, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен во интервју емитувано во неделата.

Зеленски рече дека е невозможно Трамп да не знае колку Путин е спротивен на вредностите на американскиот народ.

„Верувам дека Трамп беше на толку висока позиција каде што е невозможно да не се препознае дека Путин е токму спротивното од вредностите на неговиот народ. „Трамп ја имаше сета расположлива моќ на државата – разузнавачки податоци, податоци – за да создаде психолошки профил“, додаде Зеленски, пишува весникот „Хил“.

Зеленски рече дека е „изненаден“ од однесувањето на Трамп по почетокот на нападот врз Украина.

„Веројатно требаше да ја промовира својата внатрешна политика за да покаже дека е подготвен да најде разбирање со претседателот на Русија“, рече Зеленски.

Зеленски, исто така, рече дека Украина, во очите на Трамп, е предалеку.

„Сепак, оваа војна нема дистанца што не може да ја покрие, затоа сметам дека треба реално да се гледа на ситуацијата“, посочи Зеленски,пренесе Нова.рс.

Можете да прочитате

Одземен е пратеничкиот мандат на Марин Ле Пен

Путин со папата Лав XIV: Украина има намера да го ескалира конфликтот

Трамп вели дека разговарал со Путин