Томас Тухел ја прекина „тишината“ од две и пол години на Твитер, за да реагира првпат по добивањето на отказ од Челси, порачувајќи им на фановите дека клубот секогаш ќе има „посебно место“ во неговото срце.
Тухел доби отказ по лошиот старт на сезоната во Премиерлигата и поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите, откако новите американски газди се покажаа исто толку безмилосни колку што беше и претходниот шеф, Роман Абрамович. Тој беше заменет со Греем Потер од Брајтон.
„Ова е една од најтешките изјави кои сум морал да ги напишам, и изјава која мислев дека нема да ми е потребна уште многу години. Скршен сум што моето време со Челси дојде до крај. Ова е клуб во кој се чувствував како дома, професионално и лично. Благодарам на сите во клубот, на играчите и на навивачите кои веднаш ме направија да се чувствувам добродојден. Гордоста и радоста кои ги чувствував кога ја освоивме Лигата на шампионите и Светското клупско првенство ќе останат со мене засекогаш. Почестен сум што бев дел од историјата на овој клуб и сеќавањата од последните 19 месеци ќе имаат посебно место во моето срце“, вели Тухел.
This is one of the most difficult statements I have ever had to write – and it is one which I hoped I would not need to do for many years. I am devastated that my time at Chelsea has come to an end. pic.twitter.com/0TTlUOjWDx
— Thomas Tuchel (@TTuchelofficial) September 11, 2022