Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ во јануари се враќа во Австралија, една година откако беше депортиран?

Ѓоковиќ во јануари се враќа во Австралија, една година откако беше депортиран?

Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе добие дозвола да настапи на Австралија опен во 2023 година, тврдат австралиските медиуми, објаснувајќи дека федералната влада го сменила својот став околу српскиот тенисер, кој во јануари оваа година беше депортиран откако се обиде да влезе во земјата без да прими вакцина за КОВИД-19.

dobivaj vesti na viber

21-кратниот гренд слем шампион се обидуваше да влезе во Австралија за да оди на своја 10-та титула од Мелбурн Парк, но беше сопрен на аеродромот во Мелбурн, по што 10 дена помина во центар за имигранти, пред да биде исфрлен од земјата поради ставот за вакцинирање. Токму тоа што не е вакциниран го спречи Србинот да настапи и на САД опен во Њујорк.

Забраната за влез на невакцинирани во Австралија веќе беше укината во текот на летото, но се стравуваше дека поради целата одисеја, Ѓоковиќ ќе добие тригодишна забрана за влез во земјата. Сепак, според весникот „Хералд сан“, австралиската влада не се решила на ваков чекор, што значи дека тој ќе може да игра повторно во Мелбурн.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк