Утрински Весник
Спорт

Шарл Леклер до пол – позиција на Монца

Шарл Леклер до пол – позиција на Монца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шарл Леклер по вторпат во кариерата ја освои пол позицијата на најважните квалификации за Ферари во сезоната во Формула 1, поточно онаа на домашното Гран При на Италија.
Втор во квалификациите заврши светскиот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,145 секунди побавен од Леклер.

dobivaj vesti na viber

Сепак, возачот на Ред Бул нема да ја заземе својата втора позицији бидејќи е еден од вкупно деветте возачи казнети овој викенд.

Карлос Саинц од Ферари, кој беше за 0,268 побавен од својот тимски колега, заврши на третото место во квалификациите. Сепак, Шпанецот ќе биде испратен до дното на колоната и ќе стартува 18-ти. Казнет е и четвртиот од денешните квалификациски Серхио Перез, но со 10 места, додека петтиот Луис Хамилтон ќе биде со Саинц на крајот од колоната.

Така Џорџ Расел утрешната трка треба да ја започне од втората позиција, а Ландо Норис и Верстапен треба да се најдат на вториот ред.

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА