Утрински Весник
Свет

Кејт Мидлтон прва принцеза од Велс по Дијана

Кејт Мидлтон прва принцеза од Велс по Дијана

Британскиот крал Чарлс Трети вчера ги прогласи својот најстар син принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин за принц и принцеза од Велс, титули кои претходно ги имаа кралот Чарлс и неговата поранешна сопруга Дијана.

dobivaj vesti na viber

Во своето прво обраќање до нацијата како суверена и прво по смртта на кралицата Елизабета Втора, тој изјави дека Вилијам ќе го наследи како војвода од Корнвол и ќе ја преземе одговорноста за Војводството Корнвол, пренесува Би-Би-Си.

Новиот британски крал рече дека е горд што го прогласил Вилијам за принц од Велс. Така, сопругата на принцот Вилијам стана првата принцеза од Велс по смртта на принцезата Дијана во 1997 година.

Дијана ја задржа титулата принцеза од Велс по разводот со Чарлс во 1996 година, до нејзината смрт. Иако втората сопруга на Чарлс, Камила, ја наследи титулата на Дијана со брак во 2005 година, но таа не сакаше да ја користи поради нејзината поврзаност со непокајаната принцеза и се претстави како војвотката од Корнвол.

Можете да прочитате

Орбан: Војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Почина палестинскиот доктор чии девет деца беа убиени во израелски напад

Русија предлага прекин на огнот од два-три дена на одредени делови