Утрински Весник
Свет

Ердоган: Ќе побарам да се овозможи извоз на руски производи

Ердоган: Ќе побарам да се овозможи извоз на руски производи
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ќе бара руските производи да бидат испорачани преку Црноморскиот коридор воспоставен со договорот постигнат со посредство на ОН кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин следната недела, објави ТВ „Хабертурк“.

dobivaj vesti na viber

Ердоган на новинарите во авионот при враќањето од посетата на Балканот им изјави дека извозот на руско жито и други производи ќе им помогне на сиромашните земји, кои се во тешка ситуација, пренесе „Ројтерс“.

Договорот, кој има цел да помогне во извозот на украинска и руска храна и ѓубрива на светските пазари, беше потпишан на 22 јули во Истанбул со посредство на ОН и Турција, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Tројца загинати и 29 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Трамп со услов до Путин: Не сакам да губиме време

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија