Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го пречека италијанскиот претседател Серџо Матарела

Пендаровски го пречека италијанскиот претседател Серџо Матарела

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на земјата.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Италија, политиката на проширување на Европската Унија, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и во Европа.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија за македонските евроинтеграции, порача дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

 

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч