Утрински Весник
Македонија

116 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

116 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Граѓаните не треба да проверуваат дали дискотеките се безбедни, тоа е обврска на институциите

Малиш Саздовска: Посебните истражни мерки се неопходни за спречување тероризам и тежок криминал

Нема сериозни безбедносни закани за Македонија вели Малиш Саздовска и ја анализира состојбата