Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Референдумот е одлична можност да се организираат и предвремени парламентарни избори на еден трошок

(Видео) Мицкоски: Референдумот е одлична можност да се организираат и предвремени парламентарни избори на еден трошок

Хтристијан Мицкоски денеска и официјално ја поднесе иницијативата за референдум во ДИК.

dobivaj vesti na viber

„Нормално доколку референдумот се случи тогаш граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат со ЗА, подразбира дека на тој начин престанува да важи овој договор со Република Бугарија, или ПРОТИВ односно останува да важи овој договор со Република Бугарија”, изјави Мицкоски.

Тој ги повика сите политички партии, да ги повикам граѓаните без разлика на нивната етничка припадност, без разлика на тоа дали поддржуваат една или друга политичка опција или се партиски неопределени, ја користам оваа прилика да ги повикам сите општествени чинители, невладини организации, буквално сите поединци да се обединат на едно општествено семакедонско обединување и да застанат против тоа кое што претставува главен проблем на нашата европска интеграција, а тоа е договорот кој што го има потпишано Република Македонија со Република Бугарија.

Мицкоски истакна дека со иницијативата за Референдум ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од предвремени парламентарни избори, и додаде дека Референдумот би бил одлична можност за на еден трошок да се оддржат и предвремени парламентарни избори.

Тој исто така ја повика власта да покаже демократски карактер и да се охрабри да излезе на предвремени парламентарни избори кои би се случиле заедно со Референдумот.

„Ја повикувам власта, парламентарното мнозинство да покаже демократски карактер, да се охрабри и да ги потврди своите политики на предвремени парламентарни избори кои што би се случиле заедно со Референдумот“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа – Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Левица: 39.611 непланирани прекини во една година – ЕВН наплаќа „милиони” за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува