Утрински Весник
Спорт

Поразот на Серена на Ју-ес опен, најгледан меч во историјата на „ESPN“

Поразот на Серена на Ју-ес опен, најгледан меч во историјата на „ESPN“

Поразот од Серена Вилијамс на Ју-ес опен во петокот, во веројатно последниот меч во нејзината блескава кариера, бил најгледаниот тениски телевизиски пренос во 43. годишната историја на телевизиската мрежа „ESPN“.

dobivaj vesti na viber

Поразот на Серена Вилијамс, во третото коло, од Хрватката со австралиски пасош Ајла Томљановиќ на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк, во просек го гледале 4,8 милиони гледачи. Максималната гледаност од 6,9 милиони овој меч имал во 22:15 часот.

Победничката на 23. Грен слем турнири во сингл, остави голема трага во тенисот и нејзиното заминување од натпреварувачкиот тенис предизвика бројни реакции од светот на познатите.

Нејзините три натпревари в о сингл и мечот што го одигра во дубл со постарата сестра Венус ја зголемиле гледаноста во првите пет дена од турнирот до просечни 1,1 милион гледачи, што е за 101 отсто повеќе од 2021 година, објави „ESPN“.

„Ова се најгледаните први пет дена од Ју-ес опен досега на мрежите на ЕСПН“, се вели во соопштението на оваа телевизиска мрежа.

Портпаролот на мрежата, чиј список на тениски аналитичари ги вклучува поранешните светски рекети број 1, Крис Еверт, Џон Мекинро и Каролин Вознијацки, минатата недела изјави дека „ESPN“ би бил среќен да разговара со Серена Вилијамс таа да стане коментатор доколку сака да оди по тој пат откако и официјално ќе се пензионира.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ