Утрински Весник
Свет

Путин и Џинпинг ќе се сретнат следната недела на самитот во Узбекистан

Путин и Џинпинг ќе се сретнат следната недела на самитот во Узбекистан
Dik 300x250 mk

Кинескиот претседател Шји Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат на маргините на самитот во Узбекистан следната недела, изјави рускиот амбасадор во Пекинг, Андреј Денисов, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.

dobivaj vesti na viber

Очекуваниот состанок на самитот на Шангајската организација за соработка (SCO) ќе биде прва средба лице в лице меѓу двајцата лидери, од почетокот на специјалната операција на руската војска во Украина во февруари оваа година.

Тоа ќе биде и прво патување на Шји во странство од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Самитот ќе се одржи на 15 и 16 септември во Самарканд.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно