Антимакедонската СДС да не лаже за ноќните вишоци, ако се одговорни струјата ќе ја тргуваше ЕЛЕМ Трејд и ќе заработеше милиони, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ ЕЛЕМ, има фирма ќерка, ЕЛЕМ Трејд, ако антимакедонската СДС беше одговорна продажбата во странство ќе ја вршеше ЕЛЕМ Трејд, која ќе ја купуваше струјата од ЕЛЕМ која сега се продава по цена двојно поефтино од берзанската и истата ќе ја продаваше по берзанска цена. На тој начин скоро 1 милион евра за последните месец ипол наместо во странски фирми ќе останеа во Македонија.
Истата струја која е продадена ефтино од ЕЛЕМ, а продадена скапо од странски трговци можело да се понуди и на стопанството по поефтина цена или да се даде на општините за јавно осветлување.
Антимакедонската СДС од сите можни чекори од кои народот и државата ќе биле во добивка, го избрала единствениот од кој профитира само странски трговец.
Антимакедонската СДС наместо да се трудат да бидат вицкасти да кажат ако струјата во ноќните часови е ефтина, како купецот кој од нив ја зема за половина цена ја продава истата по цена слична на берзанската. Одговорност за овој и сите други случаи ќе има. Некој прави профити додека народот плаќа скапа струја“ се наведува во партиското соопштение.