Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се зголеми на 74 – илјадници евакуирани, се трага по преживеани

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се зголеми на 74 – илјадници евакуирани, се трага по преживеани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бројот на жртвите од силниот земјотрес во југозападна Кина се искачи на 74, јавија денеска државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Илјадници луѓе се евакуирани во привремени засолништа бидејќи обилните врнежи се закануваат да предизвикаат нови свлечишта.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала се случи пред два дена на 43 километри југоисточно од градот Кангдинг во провинцијата Сечуан, на длабочина од десет километри, покажуваат податоците на Американскиот геолошки институт.

Кинескиот „Пиплс дејли“ пишува дека 34 лица загинале во градот Јаан, а 40 во соседната префектура Ганзи, пренесе АФП.

Според државната телевизија, повеќе од 21.000 луѓе се евакуирани од областите во кои постои ризик од лизгање на земјиштето или уривање на згради.

Спасувачите сè уште ги посетуваат тешко достапните села во планинскиот регион во југозападниот дел на покраината во потрага по преживеани. Се верува дека десетици луѓе се блокирани или исчезнати.

Најмалку 13 последователни потреси со јачина од три степени се регистрирани до полноќ, соопшти Кинескиот мрежен центар за земјотреси.

Можете да прочитате

Северна Кореја тестираше ракета со долг дострел земја – воздух

Папата Лав XIV присуствуваше на божиќната миса во базиликата „Свети Петар“

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција