Утрински Весник
Свет

Првиот говор на Лиз Трус како премиер на Велика Британија: Заедно можеме да ја победиме оваа бура

Првиот говор на Лиз Трус како премиер на Велика Британија: Заедно можеме да ја победиме оваа бура
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Лиз Трас, денеска првпат ѝ се обрати на нацијата откако беше именувана на оваа функција. Во својот прв говор таа им порача на Британците дека заедно можат да ја пребродат бурата.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи пред познатата црна врата пред резиденцијата на Даунинг стрит, Лиз Трaс го спомена и Борис Џонсон, кого го нарече многу важен премиер.

– Знам дека имаме сè што ни е потребно за да ја натераме Британија повторно да профункционира – рече таа, според „Скај њуз“.

Таа потоа кажа кои ќе бидат трите приоритети на нејзината влада.

– Развој на економијата со намалување на даноците, борба против економската криза и подобрување на пристапот до здравствена заштита – рече таа.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична