Утрински Весник
Македонија

Маричиќ-Дробњак: Преговорите се отворени, започнува процес кој бара активност и одговорност

Маричиќ-Дробњак: Преговорите се отворени, започнува процес кој бара активност и одговорност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со експертот Владимир Дробњак, поранешен хрватски преговарач, денеска одржаа два координативни состаноци со министрите задолжени за кластерите и Работната комисија за евроинтеграции со државните секретари на институциите.

dobivaj vesti na viber

„ Искуството и знаењето кое го има поранешниот хрватски преговарач Дробњак ќе биде од корист и ќе ни помогне полесно да ги надминеме предизвиците со кои ќе се соочиме во текот на преговорите, рече на состанокот вицепремиерот и главен преговарач Бојан Маричиќ.

„ За секоја земја добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ е голем политички предизвик, но вистинската работа и задачите започнува по отворањето на преговорите, рече Владимир Дробњак, додавајќи дека тоа е невозможно да се процени колку ќе трае преговарачкиот процес за Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека започнуваме сложен процес на промени, во кој ќе ни е потребна сериозна посветеност за исполнување на целта, истакнувајќи дека експертизата на Дробњак несомнено ќе придонесе во овој клучен момент, кога се подготвуваме за најважната и најтешка фаза од евроинтеграцискиот процес, а тоа се преговорите.

Дробњак пред македонските министри и државни секретари низ дискусија ги посочи предизвиците со кои Северна Македонија може да се соочи, земајќи ги предвид искуствата на Хрватска во овој дел.

„ Преговорите се отворени и мора да го трчате овој маратон одговорно, рече Дробњак додавајќи дека има предности во однос на другите земји компаративно и дека Северна Македонија може да смета на поддршката од Хрватска и понатаму во целокупниот процес.

Вицепремиерот Маричиќ и Дробњак се согласија дека влегуваме во нова димензија на евроинтеграциите и дека ова ќе биде комплексен процес, во кој мора да бидеме активни и да работиме на реформите.

Искуството на Хрватска во процесот на пристапување, новата методологија и преговарачка рамка и процедурите за преговори, Дробњак ќе го претстави и пред раководната структура на Секретаријатот за европски прашања.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари