Утрински Весник
Свет

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила М-80, кои беа наследени од поранешна Југославија, а сега овие возила се пуштени во употреба.

dobivaj vesti na viber

Досега словенечкото пешадиско борбено возило (IPV) М-80А влегуваше во вооружувањето на украинската 24-та механизирана бригада, што е најкомплексниот борбен систем произведен во поранешна Југославија досега за кој е потврдено дека се користи во војната меѓу Русија и Украина.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи укажуваат на тоа дека украинските екипажи по извршената обука презеле голем број од овие возила и дека пред да заминат на задачата го полнат возилото со топовска муниција од 20 мм.

Претходно беше потврдено дека Словенија и подарила на Украина 35 пешадиски борбени возила М-80, кои се наследени од поранешна Југославија. Тоа е формациски еквивалент на механизиран баталјон од времето на Советскиот Сојуз.

Вакви оклопни оклопни возила се уште користат во својата армија од страна на Хрватска и Босна и Херцеговина, додека најголем корисник е Армијата на Србија, која има 320 возила во активна употреба и неколку стотици оригинални варијанти М-80 со послаб мотор, во резерва.

Словенија ги донираше тие возила на крајот на јуни, а за возврат доби ветување од Соединетите Американски Држави за заем што ќе овозможи набавка на нова воена опрема за нејзината армија.

Можете да прочитате

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице