Утрински Весник
Свет

„Гаспром“: Исклучувањето на компресорската станица за Северен тек не е безбедно

„Гаспром“: Исклучувањето на компресорската станица за Северен тек не е безбедно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави дека добил официјално предупредување од руските регулатори дека деактивираната компресорска станица Портоваја, која треба да испумпува гас во Германија преку гасоводот Северен тек, не ги исполнува безбедносните стандарди.

dobivaj vesti na viber

„Гаспром“ во петокот објави дека забележал истекување на моторно масло од турбината која во тој момент сè уште работела во Портоваја и дека ќе ја прекине испораката на природен гас додека не се отстрани дефектот.

„Гаспром“ во соопштението вели дека Портоваја сега е опасен производствен капацитет и повеќе не може да работи легално.

„Сименс енерџи“ во саботата објави дека никој не побарал од него да ја изврши поправката и дека истекувањето на маслото не треба да влијае на функционалноста на турбината и дека дефектот може да се санира на лице место.

Од компанијата изјавија и дека Портоваја има на располагање и други турбини. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска го повтори ставот на Москва дека проблемите со испораката на гас од Русија се единствено резултат на санкциите на Западот.

Европа ја обвини Русија дека користи гас како оружје како одмазда за санкциите наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија