Утрински Весник
Магазин

Адел се закити со „Еми“ награда за креативна уметност

Адел се закити со „Еми“ награда за креативна уметност

Британската поп-дива Адел ја освои својата прва Еми-награда на отворањето на свечената церемонија на доделување награди за креативни уметности.

dobivaj vesti na viber

Музичката ѕвезда (34) отсуствуваше на церемонијата што се одржа во Лос Анџелес во саботата. Неа ѝ припадна гонгот Outstanding Variety Special за емисијата на „Си-би-ес“ Adele One Night Only („Адел една ноќ“).

Специјалната програма се емитуваше минатиот ноември и во неа мега ѕвездата изведува нова музика за првпат по шест години и дава интервју за Опра Винфри.

Оваа чест значи дека на Адел ѝ недостасува само наградата „Тони“ за да има статус ЕГОТ – личност која ги има добиено четирите престижни статуетки „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“.

Само 17 луѓе успеале да добијат статус на ЕГОТ, меѓу нив се Мел Брукс, Вупи Голдберг и Џон Леџенд.

Адел има освоено 15 „Греми“, а исто така и „Оскар“ за најдобра оригинална песна во 2013 година – темата за Џејмс Бонд, „Скајфол“.

Можете да прочитате

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади

Пријателите никогаш не ви ги лајкуваат објавите? Психолозите објаснуваат што може да значи тоа