Утрински Весник
Спорт

Диего Коста се враќа во Премиер лигата

Диего Коста се враќа во Премиер лигата
Dik 300x250 mk

Бразилецот со шапнски пасош, Диего Коста, би можел да се врати во Премиер лигата. Англиските медиуми објавија дека Вулверхемптон се серизно заинтересирани за напаѓачот кој девет месеци е без клуб, откако во јануари го раскина договорот со Атлетико Минеиро.

dobivaj vesti na viber

Вулверхемптон остана без напаѓач откако напаѓачот Саша Калајџиќ, за кого клубот плати 20.000.000 евра го повреди вкрстените лигаменти на своето деби. Од претходно проблем со повредата има и Раул Хименез.

Вулвс биле подготвени да му понудат договор со крајот на сезоната на 33-годишниот напаѓач.

Диего Коста, пред четири години играше во Англија. Тогаш по недоразбирањата со Антонио Конте го напушти Челси.

Во кариерата, во дресот на Челси, Диего Коста одиграл на 89 натпревари, постигна 52 гола.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс