Утрински Весник
Спорт

Доменикали: Монца е дел од историјата на Ф1, но тоа не значи дека нивното место е гарантирано

Доменикали: Монца е дел од историјата на Ф1, но тоа не значи дека нивното место е гарантирано

Организаторите на трката во Монца не можат да бидат сигурни дека секогаш ќе го имаат Италијанското ГП, предупреди шефот на Ф1, и поранешен шеф на Ферари, Стефано Доменикали.

dobivaj vesti na viber

Монца се подготвува за прославата на 100-годишнината со Италијанското ГП следниот викенд, но Доменикали предупредува дека тоа може да биде една од последните трки на славната патека.

„Формула 1 во моментов е забава каде и да отиде, има ред за организирање на ГП трки. Историјата не е доволна за да добиете трк и организацијата како Монца мора да го крене нивото за да остане во Светскиот шампионат. Монца е дел од Ф1 историјата, но тоа не значи дека секогаш ќе биде дел од неа. Потребни се инвестиции, бидејќи Ф1 е поинаков спорт во моментов“, изјави Доменикали за „Скај спорт Италија“.

Ова предупредување доаѓа покрај неизвесната иднина на уште една легендарна патека, Спа-Франкошамп во Белгија, која доби продолжување на договорот со Ф1 на само една година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина