Утрински Весник
Свет

Паштета се повлекува од хрватскиот пазар поради бактерии

Паштета се повлекува од хрватскиот пазар поради бактерии

Паштета од црн дроб „S Budget“ од 100 грама со рок на траење од 4 јули 2027 година, произведена од прехранбената индустрија „AS Commerce“ од Вишњевац, се повлекува од пазарот во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Паштетата се повлекува од пазарот поради зголемено количество аеробни мезофилни бактерии, информира хрватскиот државен инспекторат.

Производот што „Шпар“ го пласира на хрватскиот пазар не е во согласност со уредбата за воспоставување на општите принципи и услови на Законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храната и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната, пренесува „Индекс.хр“.

„Spar“ ги замолува клиентите кои го купиле тој производ да не го користат и да го вратат во најблиската продавница каде ќе им бидат вратени парите без да приложат сметка, пишува порталот.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела